Скандалот на Клиниката со Онкологија е неизоставен дел од случувањата во Собранието. На денешната 120-та седница, повторно препирки меѓу власта и опозицијата во однос на случувањата на Клиниката кои беа обелоденети во јавноста. Според пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ само нечовек може да се гордее со случувањата на Онкологија.
Срамота е да се зборува дали некој се гордее со тоа. Несериозни или нелуѓе го направиле тоа. Сите пациенти кои што се евидентирани примаат терапии и затоа се продолжува нивниот живот, посочи Коциќ во реплика до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Коциќ информира дека само годинава една милијарда и 200 милиони денари се издвоени за биолошка терапија за пациентите и пред недела дена уште 259 милиони за истата терапија.
Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден денар не бил издвоен, кажа пратеникот од собраниската говорница.