Коциќ: ВМРО-ДПМНЕ нема интерес за напредок на државата и влез во ЕУ, туку само за доаѓање на власт

од Destan Jonuzi
134 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ не ги интересира ни напредокот на државата, ниту влезот во ЕУ, туку само доаѓањето на власт. Две години, по парламентарните избори во 2022, зборувате само за избори и создавате препреки за решавање на внатрешните и надворешните проблеми“ изјави пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во дебатата со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Коциќ изјави дека не е патритоизам создавање препреки и блокриање на државата само за враќање на власт. „Тоа е работа само во личен интерес за враќање на власт на луѓето кои ја искрадоа државата цели 11 години.“ рече Коциќ.

Пратеникот од СДСМ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ создаваше хистерија меѓу граѓаните дека со почетокот на преговорите за ЕУ ќе се промени историјата и јазикот ќе стане западно-бугарски дијалект, што на крај испадна дека не е точно.

„Не можете сега да излезете пред вашите гласачи и да објасните зошто ги хушкавте против тоа што се гласаше во Собрание и не навредувавте нас. Вие зборувавте дека со почетокот на преговорите ќе зборуваме западно-бугарски дијалект. На кој јазик беше потпишан Договорот со Фронтекс?“ запраша Коциќ.