Кодекс на облекување на самитот ЕУ-Украина: „Бидете облечени како во Брисел, не во зелена боја“

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Работата на политичарите често вклучува позирање пред камери и испраќање симболични пораки, барем исто колку и да се занимаваат со политика – ова е вистината што политичарите не сакаат да ја признаат, пишува „Политико“, посочувајќи на кодексот на облекување на претставниците на ЕУ за нивната денешна средба со лидерите на Украина во Киев.

Со тоа би можело да се објасни зошто, дури и пред Европската унија да ја финализира својата агенда и списокот на гости за дводневниот самит во Украина, на кој мноштво врвни лидери на ЕУ ќе разговараат со украинските претставници, во Брисел беше објавен внатрешен меморандум со јасна порака – постои кодекс на облекување.

Треба да се носи вообичаената деловна облека односно „дојдете облечена како во Брисел, не во зелена боја“.

Слични содржини