Kодот МК за македонскиот јазик се употребува во НАТО

од Vladimir Zorba

Во НАТО активно се користи кодот МК за означување на македонскиот јазик, а не НМК (од North Macedonia).

На денешниот министерски состанок на НАТО во Букурешт, Романија, можеше да се забележи дека и меѓу кратенките за јазиците во електронскиот систем ознаката за македонскиот јазик е МК.

На овој состанок учествуваат шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата, а во фокусот на разговорите биле актуелните безбедносни предизвици, поддршката за Украина, како и последиците од руската воена агресија, меѓу кои енергетската криза и недостигот на храна.

Слични содржини