Коѕијас: Прочитајте си ја внимателно пресудата од Хаг за името

од Vladimir Zorba
161 прегледи

„ Мојот пријател “ вашата пријателска земја, правиме се за помогнеме имаме мал проблем со името на имаме решение , беше пресек на кажаното и денешните ставови на македонско-грчкиот спор на шефот на гршката дипломатија на Скопоје Никос Коѕијас. На прашањето кој  ги отежнува работите Коѕијас ги повика новинарите да направат репортажи , и да им кажат на сите  и да истражат зошто е толкава недовербата на политичарите.

0,,18538561_303,00

Од суштински сработеното ,единаесет мерки за градење доверба е конечниот исход на повеќе од двомесечните разговори меѓу Македонија и Грција кои треба да ја намалат недовербата меѓу двете страни, чиј конечен исход треба да биде и решавање на спорот за името. Мерките денеска во Скопје заеднички ги соопштија шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски и неговиот грчки колега Никос Коѕијас, кој е во официјална посета на земјава.

Притоа беше информирано дека договорените конкретни мерките се во областите образование, наука, култура, инфраструктура, енергетика, економија, безбедност , но и одржување на редовни политички консултации меѓу двете министерства, што досега го немало.

Постојат разлики околу името, но постојат и решенија, рече Коѕијас, кои треба да се изнајдат во рамки на меѓународното право. Тој одговори на прашањето зошто Грција не ја почитува пресудата на Судот во Хаг.

„И не се работи за прекршување на меѓународното право. Би сакал вие многу внимателно да ја прочитате пресудата“, рече Коѕијас. „Не верувам дека сите ние имаме иредентистички пристап. Секој има право на свој идентитет. Но, не треба начинот на кој се користи да создава впечатоци дека ќе дојде до негова злоупотреба“, рече Коѕијас.

„Денес немаме решение за тој спор тоа е сигурно, но имаме пристап кој би ни овозможил да градиме клима на приближување меѓу двете земји. Нашиот најголем проблем е непостоењето на доверба меѓу двете земји, особено на политичко ниво и тоа непостоење на доверба не може да ве доведе до ситуација да решавате толку сложен и тежок проблем кој задира во најдлабоките емоции на граѓаните и тука и таму“, рече Попоски.

Коѕијас освен со Попоски во Скопје разговараше и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот, Никола Груевски, вицепремиерот Фатмир Бесими, како и со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.