Коѕијас за Телма: Јас сум оптимист за името, но не затоа што ова е лесно, туку затоа што треба да го направиме ова, мораме да го направиме!

од desk3
108 прегледи

Кризите се и можност да се најде решение и на најголемите проблеми како што е проблемот со името, рече грчкиот министер за надворешни работи Kикос Kоѕијас во ексклузивно интервју на Tелма. Со министерот Kоѕијас разговараше Сања Васиќ. Тој е прв министер кој доаѓа во Македонија по повеќе од десет години.

KODZ

– Имаме некои идеи, во однос на решение за името. Кога веќе сме во таа ситуација да разговараме за тоа, ќе го направиме тоа со владата во вашата земја и се надевам дека ќе прифатат да направиме праведен компромис. Мислам дека кризите, како што ние велиме на старогрчки, означуваат не само проблем туку и перспектива и можност да биде пронајдено решение.

– Дури и кога докторот им вели на пациентите дека имаат тешка здравствена криза, тоа не значи тие ќе умрат, туку дека мора да се пронајде начин за да останат живи и да оздрават. Кризата нема само негативно значење, туку исто така и позитивно значење. Мислам дека можеби тоа што сме во криза и имаме голем проблем, значи дека имаме шанса повторно да размислиме за тие проблеми и да најдеме нови начини и нови идеи за проблемот со името.

– Ќе преговараме во три чекори. Најпрвин тука се мерките за изградба на доверба, кои веќе ги имаме. Второто ќе биде за методологијата околу преговорите за името а третата фаза ќе биде за самото име.

– Јас сум оптимист, но не затоа што ова е лесно, туку затоа што треба да го направиме ова, мораме да го направиме. Двете земји, целиот Балкан, рече Коѕијас во интервју за Телма.

Извор: Телма