Кое е вистинското време за користење крема против брчки?

од Elena Daskalova
372 прегледи

Борбата против брчките започнува долго пред тие воопшто да се појават, бидејќи како и за многу други нешта, полесно е да се спречи нивната појава, отколку да се излечат.

Кожата на лицето е огледало на нашиот животен стил и навиките, па затоа е потребно да ѝ посветувате време, нега и внимание и да заборавите на нејзините непријатели, особено откако веќе ќе навршите 25 години.

Зависно од природната еластичност на вашата кожа, животниот стил, навиките, но и од генетските предиспозиции, тие може да се појават порано отколку што ги очекувате. Оптимална возраст да почнете да користите наменски креми против овој проблем се 25-26 години или порано, ако за тоа има реална потреба.

Веќе во доцните 20-ти и на почетокот на 30-тите, потребни ви се и креми против брчки, но и оние со заштитен фактор, кои ги користите преку целата година, а не само во лето. На тој начин ќе ја потхраните кожата и ќе ја зачувате нејзината еластичност.

Слични содржини