Кое име ќе ѝ го дадат Меган и Хари на нивната ќерка?

од Stefanija Kuzmanovska
432 прегледи

Принцот Хари и Меган Маркл се во фокусот на јавноста во последно време. Откако „бурата“ стивна по интервјуто со Опра, светот е заинтересиран за името на нивната ќерка.

Ако сè биде како што треба, кралското семејство се подготвува за принова на почетокот на јуни. Тие сè уште не избрале име за бебето, иако многумина коментираат дека не сакаат јавно да ја соопштат таа информација. На социјалните мрежи се појавија бројни шпекулации, а една од напишаните е дека девојчето ќе го носи името Дајана, по принцезата Дајана.

Од друга страна, постои можност Меган да го именува бебето по нејзината мајка.

Да потсетиме, кралското семејство во февруари потврди дека Маркл е бремена.

Слични содржини