Кое парче накит на кралицата ја красеше Меган Маркл на погребот?

од Stefanija Kuzmanovska
342 прегледи

На вчерашниот погреб на кралицата Елизабета Втора, Кејт Мидлтон го носеше бисерниот ѓердан на кралицата, а и Меган Маркл носеше детал кој му припаѓаше на монархот.

Меган носеше црн фустан со наметка „Stella McCartney“ кој го искомбинира со голем „Dior“ шешир.

Војвотката од Сасекс носеше и мини чанта и пар црни „Валентино“ ракавици.

Меган го задржа својот накит на минимално ниво, носејќи пар бисерни обетки и нараквица од жолто злато.

Обетките што таа ги избра ѝ ги подари кралицата Елизабета Втора во 2018 година.

Таа ги носеше овие обетки за време на нејзиниот прв кралски ангажман со кралицата, кога го посетија Честер за да присуствуваат на отворањето на новиот мост.

Бакингемската палата тогаш потврди дека кралицата Елизабета ѝ ги подарила на Меган парот обетки со дијаманти и бисери.

Подоцна, во интервју со Опра Винфри, Меган зборувала за прекрасниот накит што го добила од кралицата, а тоа се токму овие обетки и соодветниот ѓердан, пренесува „Express.co.uk“.

Слични содржини