Додека Жозе Мурињо продолжува да предизвикува скандали во Турција со неговите изјави како тренер на локалниот гигант Фенербахче, на Островот растат очекувањата дека Специјалниот ќе се врати во Премиер лигата.
Друга гласина околу неговата иднина е дека тој ќе го наследи Шон Дајч како менаџер на Евертон. Според „Liverpool Echo“, кој се повикува на податоци од платформата Oddschecker, во последните 24 часа шансите Мурињо да заврши во Евертон нагло паднале. Бројките покажуваат дека 74% од сите облози за тоа кој ќе биде нов менаџер на „карамелите“ се ставени на името на Мурињо и од денеска тој е фаворит на обложувалниците за оваа функција.
Изворот, сепак, одби да каже дали тој потег ќе се случи сега или по крајот на актуелната сезона, кога и онака истекува договорот на Дајч.
Интересно, новите сопственици на Евертон се Американците од Групацијата Фридкин, кои ја поседуваат и Рома. Токму тие го назначија, а потоа го отпуштија Мурињо од италијанскиот клуб. По завршувањето на престојот, Специјалниот не бил во најдобри односи со сопствениците, а откако си замина тврдеше дека бил неправедно разрешен.
Сепак, веќе некое време се тврди дека Ден Фридкин сака да го доведе Мурињо во Евертон.