„Кога би можеле да ставаме чипови во вакцините, би живееле 150 години!“

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Српскиот научник Немања Деспот Марјановиќ, кој е Доктор на науки и член на научно истражувачки тим на Универзитетот Харвард во Америка и работи на наоѓање лек за рак на белите дробови, во интервју за Б92 вели дека ако сме на ниво на примена и разбирање на науката за да можеме да ставаме чипови во вакцините, би можеле да живееме до 150 години.

– Зошто некој би не „чипувал“ со вакцината, сите ние држиме чип-мобилен телефон во рацете, каде што можат да ја следат нашата локација, кои страници ги посетуваме…. Ги разбирам луѓето кои се скептични во врска со вакцината, особено што таа е направена за многу краток период, но верувајте ми, среќна околност е што научната заедница успеа да реагира толку брзо. Погледнете ги резултатите од клиничките студии, клиничките студии не лажат. Овде во САД, првите луѓе што ја добиваат вакцината се здравствени работници. Дали некоја земја би си играла со ставање во опасност на целата своја медицинска заедница, без која би било тешко да се преживее оваа пандемија? Зборуваме за неколку милиони луѓе!, вели Марјановиќ.

На прашање на новинарот колку се безбедни вакцините на „Фајзер“ и „Бионтек“, со оглед на краткиот период во кој се направени докорот вели дека производството на вакцини почнало пред да бидат завршени клиничките студии во случај тие студии да бидат позитивни.

– И она што можеме да го видиме и кај вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“ е дека ефикасноста е повеќе од 90 проценти. Двете вакцини се направени на ист начин, но ниту една од фазите не беше прескокната, одредени фази на клиничкие студии беа паралелни. Тие покажуваат огромна ефикасност и беа направени тестирања на најголем број на испитаници. „Фајзер“ на 43.000, „Модерна“ на 30.000 волонтери. Ефикасноста покажува дека овие вакцини се многу безбедни и многу добри. Покрај тоа, „Фајзер“ и „Модерна“ сами по себе имаат безбедна технологија затоа што mRNA е транзитна молекула која не може да се вгради во геномот и не може да предизвика големи последици. Нема додатоци, само mRNA молекули и липидни наночестички, вели докторот.

Слични содржини