Пред три години Турција беше потресена од настаните на плоштадот Гези. Полицијата тогаш брутално се пресмета со демонстрантите, а некои од жртвите на оваа бруталност и денес ги бараат своите права-пишува DW.
Хакан Јаман добро се сеќава . “Вечерта на 3 јуни, некаде кон 22.00 часот се прибирал дома. Во тоа време во Истанбул, а и во цела Турција, имаше протести. Полицијата делуваше особено цврсто против демонстрантите. Јас бев ранет од проектил со солзавец. Паднав на земјата и полицајците буквално ме прегазија. Непосредно пред да паднам во несвест почувствував дека нешто ми се заглави во окото . Потоа полицајците ме повлекоа некаде и ме фрлија “, раскажува 40-годишниот Хакан Јаман.
Протестите кои почнаа во истанбулскиот парк Гези, последователно ја зафатија речиси целата земја. Во нив се вклучија милиони луѓе. Хакан раскажува дека во предметната ноќ не учествувал во демонстрациите, туку само се прибирал кон дома. Последиците од полициското насилство тој ги чувствува и до денес: “Со левото око не гледам ништо. Носот ми беше скршен. Не беше останата ниту една здрава коска во левиот дел на моето лице. За три години ме оперирале девет пати. Лекарите зедоа коскена маса од другите делови на телото, за да ги стабилизираат моите коски на лицето “, вели Хакан Јаман.
Протестите во Турција започнаа на 27 мај 2013 и првично беа насочени против сечењето на дрва во паркот Гези, каде властите сакале да изградат трговски центар. Група од околу 50 лица поставија шатори во паркот за да спречи сечата. На 31 мај наутро полицијата влезе во шаторите. Тогаш десетици илјади демонстранти се насочуваат кон плоштадот “Таксим” и протестите постепено ја опфаќаат целата земја. 37-годишниот Волкан Кезанбилиџ исто така е меѓу илјадниците демонстранти кои се упатиле кон плоштадот. На булеварот “Тарлабашъ, кој води кон “Таксим”, бил погоден од гумен куршум, истрелан од полицијата. Волкан засекогаш го губи видот.
Л’Поан: Станува ли Косово балкански Моленбек?
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, протестите ги покриле сите турски провинции со исклучок на Бингол и Бајбурт. Според официјалните податоци, во протестите во Турција учествуваат 2,5 милиони луѓе. Четири дена по почетокот , десетици илјади турски граѓани го окупираат плоштадот “Таксим” и паркот Гези.
Во град Гебзе, на околу 65 километри од Истанбул, 23-годишниот студент Окан Гочер се качува во колата со уште неколку пријатели и се упатува кон Истанбул, за да се приклучи на демонстрантите во паркот Гези. Полицијата сепак ги блокира патиштата и младите се принудени да продолжат пеш. “Бевме во првите редови. Зад нас имаше илјадници, можеби десетици илјади. Сите се обидуваа да се движат напред. Но полицијата не престана да фрла со солзавец. Тогаш предупредив пријатели дека полицајците се насочени во нас. Нема шанси да се извлечеме “, раскажува Окан.
Според податоците на неколку правобранителски организации, за време на протестите загинуваат 11 лица. Над 8 000 лица се повредени. Досега, сепак пред судот се соочуваат само петмина осомничени за убиство. Истрагите против други можни осомничени за насилството против Јаман, Кезанбилиџ и Гочер завршуваат без покренување на обвиненија . Адвокатот на Јаман тврди дека владата употреби притисок врз судот и е долготрајна истрага до бесконечност. Не им било дозволено и да ги разгледаат снимките на полицијата, направени за време на акциите против демонстрантите. Експертите на судот освен тоа објавија дека видеата на полициско насилство, распространети на интернет, не се доволен доказ за утврдување на вина.


