Неодамна државните инспектори повторно уловија илегални производители и трговци на цигари, па во медиумите се појавија сензационални наслови кои се гордеат со тој успех. Полицијата во загрепска Дубрава запленија дури 8 тони цигари, ја оштетија државата за 3,6 милиони куни. – Две лица се приведени по завршетокот на истрагата со која кај нив се откриени осум тони цигари наменети за црниот пазар, со што државата е оштетена за дури 3,6 милиони куни – ни објаснува мајката на државата т.е. ПУ Загребачка, а медиумите тоа главно го пренесоа без цензури, или дури додавајќи и свое сопствено воодушевување на она полициското.

рекет

Уловени криминалци, тоа секогаш толку добро звучи, дури и кога понатаму во текстот се открива детал дека еден од двајцата злосторници во овој конкретен случај е 86 годишен старец.

Државата е семоќна, најголем дилер на опијати

Вакви полициски операции, па и вестите за нив, се повторуваат повремено, паѓаат производители на цигари, понекогаш илегални трговци на ракија од домашно производство и слично на тоа. Меѓутоа, јас имам проблем со тоа како овие операции се претставуваат, па и со математиката за нив. Основна идеја зад сето тоа е дека државата е посилна од господ, сопственик, контролор и поседник, единствен легален дистрибутер на се што некој некаде на нејзината територија ќе го произведе.

Државата притоа е и монопол на сила, единствена има полиција и војска со овластувања да малтретира кого ќе посака. Ќе земеш слива од својот овоштарник, ја печеш во својот казан, но ако ракијата сакаш да ја продадеш во селото или внатре во семејството, ти си криминалец и нанесуваш штета која редовно се мери со милиони куни (за самата математика малку подоле во текстот).

Да ја погледнеме работата од поинаков агол. Државата е свесна дека пушачите се главно зависници од цигари. Бидејќи цигарите наводно само го скратуваат животот, но не ги прави луѓето опасни сами по себе (никотинот дури и смирува), државата се одлучува да удоволни на зависниците, но само ако земаат од неа, од државата, легални цигари и за тоа плаќаат огромен данок наречен трошарина, но можеме да го наречеме и било како поинаку. Најточно име би било рекетарина. Државата во принцип е дилер на опијати.

Ако се обидете сами да произведете опијат и да го дилате по свои приватни канали, посилниот дилер т.е. државата ќе удри на вас со цела сила, над која има монопол, ќе ве уништи и брутално ќе ве казни. Хм, каде е тука битната разлика меѓу однесувањето на дилерските банди какви што ги гледаме во филмовите?

Дилерите во филмовите возат Ауди стекнати со своја насилна работа. Кога државата настапува како дилер, парите од диларината, кои ги вика трошарина, ги вложуваат во купување на Аудија за своите чиновници.

реект

Голема разлика нема, освен што секој дилер за парите кои ги заработува ја носи главата во торба и ризикува одмазда секој ден, додека државните дилери немаат одговорност дури ни за основната банална дневна работа која божем ја вршат.

И додека за дилерите јавноста бара најсурови казни, кога државата настапува како дилер одеднаш се е во ред и сите се радуваме на успесите на посилната дилерска банда, т.е. државата. Лице кое ќе се одлучи да прави цигари во својата гаража, ќе биде сурово казнето бидејќи ја оштетил другата дилерска банда за 3,6 милиони куни.

Државата зема 40 пати повеќе од што чинат цигарите
Инаку, работите со тутунот стојат вака, цената на килограм сув тутун за одгледувачите е околу 12 куни, а државата на тој килограм зима 450 куни трошарина, без ДДВ и останати даноци. Значи, 40 пати повеќе.

Дали сега ви е јасно зошто 86 годишниот дедо е опишан како криминалец, ако се обиде тутунот да ви го продаде директно и без државен печат? Дали ви е јасно колку државни административци би останале без своите повластици? – Државата не гледа причина зошто сиромашните граѓани би купувале ефтини цигари кога таа самата без ни малку труд на нив може да заработи десетина пати повеќе од селанецот кој го одгледува тутунот – е цитат на нечиј коментар на Фејсбук.

Ми пречи и математиката која ги следи ваквите вести. Како се дошло до 3,6 милиони куни кои некој ги украл од сиротата држава во овој случај? Па, се земала количината на цигарите, се помножила со пазарната цена и на тоа се додала трошарината која државата ја зима од пушачите, па тие цигари наместо на улиците, дилан е во легална дилерска мрежа на државата. Но, целата идеја на црниот пазар е во тоа дека потрошувачот не мора да плати цела, рекетарска, државна цена, туку некоја пониска! Корисниците кои се снабдуваат со цигари кај дедото со машинка за цигари немаат ни пари да платат трошарина. Тие 3,6 милиони куни не постојат, нема да постојат и никогаш не ни постоеле.

Тоа се замислени 3,6 милиони куни украдени од џебовите на сиромашните потрошувачи (зависници) кои тие некако треба да ги создадат или измислат, кога цигарите би ги купувале од државата. Но, тие ги немаат, тие пари не постојат, иако на административците им светкаат очите додека замислуваат колку Аудија, авионски карти за деловна класа, скап мебел или германски панцир хаубици можат да купат од тоа.

Инаку, слични критики со години упатував и на здруженијата за легален софтвер во својот информатички сектор. Порано редовно зборуваа за штетите од софтверските пирати во износ од на пример 10 милиони куни. Како доаѓале до тие бројки? Па веројатно така што го зимале бројот на запленетите ДВД-а со илегалните Виндоуси или Адобе Илустратори на Трешњевачки плац и го множеле со цената на тој софтвер во продавница. Резултатот секако била некоја астрономска бројка, но без никакви врски со реалноста. Па корисниците на илегалниот софтвер и го користат само затоа што е илегален, достапен и ефтин или бесплатен! Ако не можат да користат паратизиран Илустратор, би користеле некои фривеар, или не би користеле ништо. И сугурно пират кој бесплатно ископирал 20 ЦД-а со Виндоуси за продажба во квартот, секој не би платил XY куни (платил само ниска цена на празен медиум). Со време внатре во софтверската индустрија ваквите бизарни пресметки сите ги напуштија, за кое си припишувам дел од заслугите.

Трошарината е чист рекет – дилерска маржа

Со трошарината и проценката на некоја штета на 3,6 милиони куни, работата е всушност уште посмешна. Трошарините не се никаков реален, пазарен елемент, како што е цената на легалните Видноуси во продавниците за информатичка опрема. Се работи за данок одреден од ракав, државата на корисниците на некоја стока да им ги земе парите. Чист рекет, или дилерска маржа. Одредена е целосно од око и баш поради тоа разни Линиќи ги креваат и спуштаат (читај: креваат) кога ќе им се посака. За кревање на трошарината, како и за ДДВ-то на пример, не треба излегување на референдум, иако тоа се прашања кои се однесуваат на далеку поголем број на луѓе од геј браковите. Нема никаква причина зошто трошарината на запленети цигари изнесува 3,6 милиони куни, некој државен мудрец може без проблем да каже дека од сега таа трошарина изнесува 5 куни, 2 милиона или 85 милијарди куни, па да се пофали со уште поголемите успеси на полицијата. Таа трошарина не постои како вистински пари.

Не заговарам пиратерија и кражба. Софтверот е конкретен и скап високо технолошки производ, на кој некој работи и заслужува да биде чесно платен. И за цигарите некој треба да биде платен, макар во прашање бил и отров. Додуша, ако ме прашате мене, тој кој треба да биде платен треба да е одгледувачот на тутун, отколку некој административец на државна цицка. Додека мнозинството во јавноста не почне да мисли така, нема да одиме напред, а вие слободно радувајте се над уапсениот 86 годишен криминалец и неговите 18 милијарди скап тутун со кои наводно ја оштетил државата.

P. S. Авторот на овој текст не е пушач, ниту некогаш бил, но ја брани сечија слобода на избор на опијати по реална цена која ќе оди кај производителот, а не на рекетар и уценувач. Слобода за секого, уцени и терор никому!

Index.hr – Загреб

Слични содржини