Кога „Фајзер“ и „Модерна“ ќе го добијат итното одобрување од ЕУ за нивните вакцини?

од Nikola Popovski
178 прегледи

„Модерна“ и „Фајзер“ се главните кандидати за дистрибуција на вакцини Ковид-19 во Европа, откако и двете компании побараа итно одобрување од Европската Инија во вторникот, иако остана нејасно дали вакцината може да започне оваа година.

Извештаите до Европската агенција за лекови (ЕМА) се појавија еден ден откако „Модерна“ побара итна употреба на својата вакцина во САД и повеќе од една недела откако „Фајзер“ и „Бионтех“ го сторија истото.

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтех“ изјавија дека нивната вакцина може да се користи во Европската унија веќе овој месец.

„Создаваме залихи“

„Можеме да започнеме со испорака во рок од неколку часа (по одобрувањето)“, изјавил Сиерк Петинг, деловен менаџер во „Бионтех“. „Создаваме потребни залихи. И сè што имаме може да се дистрибуира за неколку часа“.

ЕМА, сепак, ја одложи употребата велејќи дека ќе ја процени вакцината Фајзер најдоцна до 29 декември, а вакцината Модерна до 12 јануари, но рокот може да се промени.

Слични содржини