Пратеникот на ДПА, Мендух Тачи за Утрински брифинг го коментира впечатокот дека во оваа иницијатива околу оставката на премиерот и уривање на владата е опозицијата избрзаа.
-Како да се местеа коцките, Заев да се врати. За мене како политичар со искуство беше неразбирливо од каде толкави суми пари се фрлија на овие избори. Ова не беа локални избори оваа иницијатива не беше локална, ова беше иницијатива за промена на поредокот во Македонија.Од надворешен аспект, дали парите се од Кина или Русија треба да си дознаат службите. А што се однесува до домашен аспект, се знае дека валканите пари се перат преку урбаната мафија. Нашиот премиер храбро влезе во оставката. Во Косово партијата на премиерот не освои ништо на локални избори никој не го ни праша за оставка, вели Тачи.
Ако биде еднаков резултатот на вечерашното гласање, односно ако никој нема мнозинство, што ќе се случи понатаму?
-Премиерот по неуспешното гласање вечер, има овластување да преговара и ќе се формира нова реконструирана влада со Зоран Заев како мандатар, а јас велам дека на 15 ќе имаме и добра вест, вели Тачи.
За тоа дали е можна влада составена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Левица, Тачи децидно вели не доаѓа предвид.
-Не, не доаѓа предвид. Ова не е оптимизам, јас сум само добро информиран, вели Тачи.
-Кога ова денес ќе заврши, на сите ќе им биде јасно дека Заев ќе остане на власт во следните три години, додава тој.