Грчките политичари често истакнуваат колку силно е погодена нивната земја од германската окупација во Втората светска војна. Но Грција била окупирана и од Бугарија и Италија, потсетува Михаел Мартенс на страниците на ФАЦ.
Грција всушност припаѓа на земјите кои настрадаа најсилно од германската окупација за време на Втората светска војна. Оваа вистина е сепак нецелосна, бидејќи Грција е окупирана не од една, туку од три држави. И во таа смисла би било коректно да се зборува за германско-италијанско-бугарска окупација. Барем до крајот на 1943 година, кога Италија “отпаѓа”. Затоа грчкиот премиер Алексис Ципрас би требало да испрати барања за репарации не само до Берлин, но и до Рим и Софија.
Војната што Хитлер не ја сака
Има и уште нешто што треба да биде кажано, без притоа да звучи како обид да се минимизираат злосторствата извршени од страна на Германците: во април 1941 година трупите на Хитлер ја нападна во Грција поради Италија.
Откако Грците успеваат да ја одбијат армијата на Мусолини, во пролетта на 1941 година Велика Британија одлучи да ги поддржи дополнително, а за целта испраќа во земјата експедиционен кор, кои се сости главно од новозеландски и австралиски војници. Па конечниот пораз на Италија изгледа едвај неизбежно.
Оваа опасност, но и стравот дека од Северна Грција Британците би можеле да бомбардираат бидејќи важните за нападот врз СССР нафтеио полиња во Романија,го поттикнуваат Хитлер кон одлуката да започне една војна која всушност не ја сака. На 6 април 1941 година германските трупи ја напаѓаат Грција и (други причини) Југославија. Грција е поделена на три окупациски зони. Атина, Солун, Источна Тракија, освоениот од десантни трупи Крит и неколку острови во Егејското Море и паѓаат на Германија, чии војници на Балканот се состојат главно од австриски војници. Источниот дел од грчка Македонија, како и речиси цела Тракија биле окупирани и анектирани од Бугарија. Остатокот е за Италија.
Сите окупаторски војски вршат кривични дела, но особено жестоки се Бугарите и Германците. Софија води насилна политика на бугаризирање и се обложува на систематските уништувања, целта и е да насели окупираните територии со бугарски селани. За воените злосторства на Бугарија во Грција можат да се пишува повеќе пати цели книги. А за германските ѕверства – уште повеќе. Деловите на СС и на Вермахтот вршат бројни масовни колежи, најпознатите меѓу кои се во Комено Калаврита и Дистомо. При масакрот во Комено во август 1943 година нацистите убиваат над 300 лица, меѓу кои и многу жени и деца. Во декември 1943 година војниците од СС убиваат во Калаврита речиси 500 мажи, а во јуни 1944 година во Дистомо се егзекутирани над 200 мажи, жени и деца. Речиси 70 години подоцна, актуелниот министер за одбрана Панос Каменос го избра Дистомо за место на основачкото собрание на својата антигерманска партија “Независни Грци”.

Масакрите во Комето, Калаврита и Дистомо се замислени како одмазда за извршени пред тоа партизански напади врз германски војници. Така на пример во Калаврита партизани егзекутираат над 80 заробените германски војници, на што нацистите ги исполнуваат со масакрот во декември 1943 година.
Во Грција војната завршува дури во 1949 година
Но не сите разурнувања во Грција се дело на Германците. Мала британска посебена единица е позната по своите бројни саботажни акции насочени главно против железничката линија Солун-Атина, која била од клучно значење за снабдувањето на африканскиот фронт. На крајот на 1942 година Британците, заедно со локалните герилци, вршат една од најголемите саботажни акции за време на војната – тие го минираат познатиот мост над реката Горгопотамос што се гледа како симбол на почетокот на масовниот грчки отпор против окупаторите.
Во годините по војната Грција страда не само заради злосторствата извршени од окупаторите. Британската поморска блокада и германските грабежите водат до масовен глад. Само во првата окупаторска зима од глад умираат над 100 илјади Грци. Под притисок на САД Британците се принудени да ја олабават блокадата, што дава можност на швајцарскиот Црвен крст да достави храна во Грција. Бројот на жртвите на гладот се намалува значително, но кога во октомври 1944 година се повлекува од Грција, Вермахтот остава зад себе друга војна – грчката граѓанска војна, која носи нови разурнувања и смрт и завршува дури во 1949 година.
Михаел Мартенс, “Франкфуртер алгемајне цајтунг”
www.faz.net
