Кога ќе се прејадете, испијте сок од портокал

од Elena Daskalova
445 прегледи

Колку и да тврдиме дека ние луѓето сме над сите останати животински видови, фактот дека сме единствен вид што умее да се прејаде, воопшто не ни помага во тоа.

Признавале ние или не, кога храната ни е вкусна се случува да изгубиме контрола и да се прејадеме, иако сме свесни дека после тоа воопшто нема да ни биде добро.

Но, сокот од портокал, како и уште неколку намирницни, можат многу да ви помогнат ако тоа се случи.

Цеден сок од портокал

После големи количини храна проблемот со варењето е последица од недостаток на киселина во желудникот. Во тој случај природната киселина во портокалот може да биде корисна. За таа цел најдобар е исцеден сок од портокал.

Ким

Иако неколку часа по прејадувањето сигурно не размислувате за храна, а уште помалку за зачинета храна, имајте на ум дека зачините можат да ви го смират стомакот. Кимот, на пример го стимулира црниот дроб да лачи повеќе, па телото полесно ќе го свари вишокот храна.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет го стимулира варењето, ама секако, не би требало да го консумирате како таков. Измешајте една лажица оцет со една лажица мед и шолја вода за да го смирите стомакот. Исто така, можете и во поголема чаша со вода да ставите само оцет, без мед и на тој начин да си помогнете ако имате запек.

Слични содржини