„Кога ќе ме видеше фрлаше со инструменти по мене“: Вработена на кардиохирургија за однесувањето на д-р Јовев

од Vladimir Zorba
349 прегледи

Животот ми е уништен. Немам постојана адреса на живеење, а менувам често и телефонски број поради заканите кои ги добивам. И мојата ќерка ги чувствува последиците. Вака раскажува Верче Стојкоска медицинска сестра од Клиниката за кардиохирургија.

„Понекогаш сè уште мислам дека е тука“, ни рече Стојкоска вознемирена од работните моменти поминати со поранешниот директор на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев.

Докторот кој сега е разрешен од функцијата, претходно беше дел од тимот кој спроведуваше неколку успешни трансплантации на срце. При разрешувањето министерот за здравство Фатмир Меџити со ниту еден збор не ја спореше неговата стручност, но кога станува збор за менаџирањето со еден колектив, тогаш спомена и мобинг.

На почетокот од октомври, објавивме видео снимка на која се гледа како д-р Јовев физички и вербално ги напаѓа колегите на кардиохирурхија.

„Тоа на снимката не беше прв пат. Со мене беше трето случување. На 26.06, 04.07 и 18.09. Од него како директор имам многу мобинг наназад. Кога ќе ме видеше фрлаше со инструменти по мене. Имаше и обиди кога сакаше физички да ме нападне“, се сеќава Стојкоска.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини