Португалскиот стручњак Жозе Мурињо беше исклучен за време на натпреварот од третото коло во Лигата на Европа меѓу Фенербахче и Манчестер Јунајтед и имаше многу да каже за судиите и за УЕФА потоа.
Еден од најдобрите фудбалски стручњаци во 21 век се обиде да си ги одбере зборовите за да не биде повторно казнет, но овој пат кажа и многу интересни работи.
„Нема да зборувам за судењето за да не добијам уште една суспензија. Судијата Клемен Турпин ми кажа дека сум исклучен бидејќи со аголот на окото ја виделе мојата реакција на клупата. Тој беше во шеснаесетникот на сосема друг дел од теренот гледаше што се случува со едното око и го виде моето однесување со другото. Му честитам на тоа, веројатно затоа е еден од најдобрите во светот“, изјави Португалецот.
Мурињо тогаш изјави дека во иднина треба да работи во клуб кој не игра на меѓународна сцена и дека тоа би можело да биде тим од Англија.
„Мислам дека дојдовме во ситуација кога најдобро е кога ќе го напуштам Фенербахче повеќе да не работам во клуб кој се натпреварува под капата на УЕФА. Така, доколку некој клуб од дното на англиската Премиер лига сака да го промени својот тренер во следните две години нека знаат на кого може да смета“, рече Мурињо.
„Што се однесува до играта, можам да кажам дека одигравме одличен натпревар и им честитам на нашите играчи. Имавме неколку добри шанси за победа, но голманот на Манчестер беше на врвно ниво и успеа да ги спречи нашите играчи да постигнат два погодоци во 10 секунди. Премиер лигата е најдобра во светот, тоа е навистина друго ниво на фудбал, а ние одигравме одличен натпревар против тим од тоа натпреварување и покажавме дека сме квалитетни“.
По три кола во Лига Европа, Фенербахче е на 14. позиција на табелата, додека Манчестер Јунајтед е на 21. место.