Лука Дончиќ во шокантен трејд стана кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во зделката која ги изненади сите и која со денови ја коментираат најголемите ѕвезди на НБА, по седум години и статусот „лице на Далас“, Дончиќ пристигна во клубот каде најголема ѕвезда е Леброн Џејмс.
Три клуба беа вклучени во целата трговија – заедно со Далас и Лејкерс, Јута Џез. Исходот е познат: Лука Дончиќ, Макси Клебер и Маркиф Морис ја продолжуваат својата кариера во ЛА Лејкерс, Ентони Дејвис, Макс Кристи и првиот пик на драфтот во 2029 година оди во Далас, а Јута го добива Џејлен Худ-Шифин од Лејкерс и два избора од втор круг од годинешниот драфт.
Она што сега се чека е дебито на Лука Дончиќ за вториот најуспешен НБА клуб во историјата. Лејкерси имаат освоено 17 шампионски титули, еден трофеј помалку од Бостон Селтикс, а со Дончиќ се надеваат дека ќе го постигнат тоа што го чекаат од 2020 година, кога Леброн Џејмс последен пат ги одведе до целта.
Словенечката суперѕвезда и најдобар стрелец во НБА минатата сезона (33,9 поени во просек) го одигра својот последен натпревар на крајот на декември, а тоа се покажа како негов последен натпревар за Маверикс, бидејќи оттогаш е на пауза поради повреда. Лука се уште се опоравува, па навивачите на Лејкерс се желни да го видат во дресот на нивниот клуб.
Според инсајдерот Марк Спирс, Дончиќ ќе дебитира многу наскоро. Лејкерси се домаќини на Јута следниот понеделник, а два дена подоцна гостуваат кај Џез во Солт Лејк Сити. Дончиќ би требало да игра за Лејкерси првпат на еден од тие два натпревари.
Доколку тоа не се случи против „џезерите“, навивачите ќе мора да почекаат до 20-ти февруари и натпреварот против Шарлот Хорнетс за неговото деби, бидејќи по 14-ти февруари НБА ќе биде во пауза поради Ол-стар паузата.