Кога немаш каде да го паркираш велосипедот (фото)

од Берта Китинска

Имајќи предвид дека безбедноста на животите на луѓето во сообраќајот е просторно и физички условена, должност е на планирањето да води сметка за неа.

Паркингот за велосипеди може да биде дел од гаражата за автомобили, може да биде специјална просторија на приземје или во подрум или пак дел од дворот на објектот, но во секој случај мора да биде однапред предвиден!

-Блокираните ходници во зградите, пренесувањето на можеби наврнатиот точак преку дневна до балкон од можеби не младо и агилно лице – се ситуации кои плановите можат да ги решат преку обврска сите новозиградени објекти да обезбедат велосипедски паркинг.Велосипедот зафаќа 10-12 пати помалку простор од автомобилот во мирување (при паркирање). Издвојување на мал специјален простор во проектирањето на објектите многу ќе значи, велат од иницијативата на „На точак“.

Слични содржини