Вкоренетото верување дека кога сме гладни мислиме само на храна воопшто не е точно. Всушност, многу подобро рамзислуваме на празен стомак.
Според една студија објавена во списанието „PlosOne“, гладот нè принудува да се сконцентрираме на големи и комплексни нешта, пообјективно да гледаме на животот, а со тоа и порационално да одлучиме дали нешто е добро за нас или не.
Истражувањето било спроведено на 30 испитаници доброволци, поделени во две групи. Нивниот последен оброк бил во 23 часот и требало да се воздржат од каков и да е внес на храна до следното утро. Едната група изела појадок, а другата не.
Направен е тест со кој се покажало дека гладните имале подобра способност за одлучување, полесно преземале ризик и немале проблем да донесат посериозна или помалку сериозна одлука.
Наскоро се планира сличен тест да се спроведе за да може да се докаже во кој момент претераниот глад станува контрапродуктивен.