Кога Тони Михајловски беше поголем патриот со Љубе Бошковски или сега против него? (Видео)

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Откако вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави снимки од разговори од денот на апсењето на Љубе Бошкоски, низ социјалните мрежи се споделуваат видео снимки од 2009 и 2011 година кога Тони Михајловски се качуваше на бините на Обединети за Македонија и еуфорично и спектакуларно го најавуваше, лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски.

toni-540x294

Сега, кога се гледа што стоело позади апсењето и затворањето на Бошкоски, Тони Михајловски е на другата страна, во таканареченото Движење за одбрана на Македонија, каде зборува за некакви странски служби и предавници, отворено застанувајќи во одбрана на актуелната владејачка гарнитура, без притоа да каже ниту збор за снимките од кои се гледа како владее истата.

И сега дилема кога Тони Михајловски беше патриот кога го фалеше и му се поклонуваше на Љубе Бошковски или сега кога им се поколонува и ги фаали тие кои го затворија Љубе Бошквски ? Еве ги снимките и тогап и сега проценете сами:

 

 

Capture119-620x2641-540x230