Францускиот претседател Емануел Макрон планира да организира самит на делегации од Белград и Приштина следниот месец во Париз, јавува приштинскиот весник „Коха диторе“.
Од таму додаваат дека ова е собир што треба да покаже дека, покрај САД, Европската унија е активна и со својот пратеник Мирослав Лајчак, кој престојува во Косово три дена, пренесуваат српските медиуми.
„Коха“ дознава дека Макрон планира да ги собере претставниците на Белград и Приштина на 17 јули.
Претходно, самитот, како германско-француски ангажман, не беше организиран на 1 јули минатата година, како резултат на косовската такса од 100 проценти за српските производи.
Тогашниот премиер Рамуш Харадинај, и покрај барањата на Франција и Германија, одби да го укине данокот.