„Коха Диторе“: Србија планира да го дели Косово преку Заедницата

од desk4
72 прегледи

  Прифаќањето на дебатата со Белград од страна на косовската страна за поделба на Косово или за размена на територии, во рамките на опциите за постигнување законски обврзувачки договор, ќе има тешки последици, пишува денеска „Коха Диторе“.

Домашни аналитичари, како што јавува дописникот на МИА  од Приштина, во изјави за весникот напоменуваат, дека, иако не е јавно и официјално кажано, територијалната поделба цело време е дел од калкулациите на српската страна.

Според политикологот Бељул Беќај, Србија настојува до поделбата на Косово да дојде преку Заедницата на општини со мнозинско српско население, за која се инсистира да добие извршни надлежности.

Својата анализа Беќај ја заснова нпред се на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ дека сега и Американците ги интересира неговото мислење за наоѓање решение за косовското прашање.

– Затоа, териротијалната поделба не е исклучена од натамошниот дијалог меѓу Косово и Србија, изјави Беќај за „Коха Диторе“.

Во очекување на продолжението на дијалогот меѓу Приштина и Белград во Брисел, во Косово се прават обиди за обединување на политичкиот спектар и создавање на заедничка платформа за финалните преговори. Пречка во овој правец претставува противењето на опозицијата да го легитимира претседателот Хашим Тачи акко главен преговарач.