Коха Диторе: УЧК презеде одговорност за гранатирањето на Владата

од desk3
195 прегледи

Паравоената Ослободителна народна армија, во јавноста попозната како УЧК ја презема одговорноста за гранатирањето на Владата кое се случи во петокот вечерта, пишува приштинскиот весник Коха Диторе.

koha-735x400

Од македонската полиција за сега нема коментар.

Според медиумот, соопштението со кое се презема одговорност е потпишано од за сега непознат командант Куштрими.

До сега Владата беше погодена со три гранати во два засебни напади.

Од полицијата велат дека двата напади се случиле од ист правец, а во инцидентите немаше повредени.