Коалицијата СДСМ-БЕСА ќе коалицира со ДУИ на Али Ахмети, а дел од Владата ќе биде и ДПА. Со ова, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници, соопшти весникот Коха. 
Официјални лица од обете политички партии потврдиле за весникот дека официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Заев, Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната Влада на јавна средба.
Коха исто така соопштува дека е постигнат договор за Премиерот, за СДСМ ќе бидат 3 години со 1 година за ДУИ. Останува само време да разговараат за која партија ќе го има премиерот во првата година, пишува во текстот.