Кои билки се користат за лекување на простата?

од Vladimir Zorba
3,1K прегледи

Зголемената простата е глобален здравствен проблем кој зафаќа над 50% од мажите над 60 годишна возраст ширум светот. Состојбата е пропратена со многу непријатни симптоми како, тешкотии со мокрењето, прекини во уринирањето, тешкотии да се отпочне, многу слаб уринарен млаз и неможност за целосно празнење на мочниот меур, поради што се јавува потреба од многу често мокрење, особено потреба од мокрење во текот на ноќта.

Постојано будење, ненаспаност, хроничен умор, стрес, како и намалено либидо и потентност се составен дел од животот на мажите со зголемена простата, а без соодветна контрола и лекување, состојбата може да предизвика и развој на сериозни здравствени проблеми како уринарни инфекции или да прогресира во рак. Затоа пронаоѓањето и примената на вистинскиот лек за простата кој едновремено ќе ја заштити простатата, но и ќе ги ослободи мажите од непријатните симптоми со мокрењето е од огромна важност.

Стандардна терапија за зголемена простата

Стандардната медицинска терапија вклучува лекови кои ја блокираат хормонската конверзија која доведува до раст на простатата, со што успева да го контралира и спречи прогресот на состојбата и развојот на малигнитет. Но, ваквото лекување не успева да ги неутрализира несаканите симптоми поврзани со мокрењето. Токму тука се истакнуваат растителните екстракти и со нивното ефикасно и научно докажано.

Ефикасност на хербалните препарати

Фитотарепијата и употребата на хербални лекови е стара колку и човекот, а бројни записи низ историјата, уште од времето на древните цивилизации и антиката ја потврдуваат клучната улога на билките во лекување на болестите. Здравствените придобивки на билките одамна го привлекуваат интересот и на научната јавност, а денес сознанијата за фито-нутритивниот состав на многу растенија, заедно со сознанијата за нивна традиционална употреба во народната медицина се причина за примена на стандардизирани растителни екстракти во клинички студии каде со признати научни методи се почесто се потврдува нивната ефикасност и здравствени придобивки и се потврдува нивниот потенцијал во лекување на многу состојби, вклучувајки ги и болестите на простатата.

Клучни билки за здравјето на простатата

Нутриционистот Сашко Дрвошански дава препораки кои билки може да се употребуваат во лекување и одржување на здравјето на простатата:

  • Saw Palmetto – е називот за нискорастечката, назабена палма (Serenoa repens) чиј екстракт во бројни истражувања и клинички студии со пациенти е докажан дека придонесува да се стопира растот на простатата и да се смири воспалението на жлездата, и конкретно да се подобри протокот на урината и празнењето на мочниот меур. Во некои истражувања употребата на Со Палмето дури дава исти ефекти во лекување, односно заштита и одржување на функцијата на простатата како и стандардните лекови.
  • Семки од тиква – семките од тиквата (Curcubita moschata Duch) се богат извор на нутриенти, добри масти и минерали, поради што треба почесто да се користат во исхраната, додадени на салати или за поготовка на вкусни ужинки. Тие се одличен извор на цинк, кој како минерал е клучен за одржување на машкото здравје, а научните истражувања покажуваат дека внесот на семки од тиква придонесува во намалување на честотата на мокрење и спречување на тегобите кои се јавуваат од зголемување на жлездата.
  • Калинка – калинката (Punica granatum L.) има силно антиоксидативно дејство со кое помага во спречување на оштетувањата и одржување на нормалниот метаболизам на клетките од простатата.
  • Коприва – копривата (Urtica dioica L.) е билка која има антиинфламаторно дејство, кое е потврдено и во клинички студии. Можат да се употребат листовите или коренот од коприва кои со редовна употреба (суви, како чај или екстракт) помагаат да се смири воспалението на простатата, да се одржи нејзината нормална големина и истовремено да се спречи развој на инфекции на мочниот меур како последица на задршка на урината.
  • Домат – доматот (Solanum lycopersicum) содржи ликопен, пигмент кој ја дава убавата црвена боја и е научно докажан антиоксидант кој помага во намалување на покачените вредности на ПСА маркерите и намалување на ризикот од појавата на рак на жлездата.
  • Африканска цреша – истражувањата имаат потврдено дека кората на дрвото на Африканска слива или цреша (Pygeum Africanum.L) може да помогне да се одржи нормален уринарниот проток, за лесно и целосно празнење на мочниот меур, ги намалува растот и промените на простатата, а дополнително редовниот внес на овој екстракт може да се употреби и во лекување на импотентноста и подобрување на либидото кај мажите.
  • Куркума – коренот од куркума (Curcuma longa) е познат по своите антиинфламаторни способности кои се докажани и во огромен број клинички испитувања. Таа има и силно антиоксидативно дејство, а покажано е дека ефикасно делува како дел од третмано за лекување на многу болести и состојби. Со своето дејство, конкретно помага и да се заштитат клетките на жлездата од оксидативен стрес и промени, а воедно помага и да се смири воспалението на жлездата со што се олеснува мокрењето.
  • Зелен чај простата – листовите од зелениот чај (Camellia Sintesis) содржат моќни полифеноли, особено Епигалокатекингалат. Тие не само што се добри за здравјето на срцето и крвните садови туку во поновите истражувања се покажува потенцијалот на злениот чај и во лекување на болестите на простатата.

Слични содржини