Во 2018 год. бевме сведоци на многу ѕвездени свршувачки. Затоа се надеваме на неколку прилично раскошни ѕвездени свадби во 2019 година.
Можеби една од најинтересните идни невести ќе е Лејди Гага, која според гласините сакала да направи исклучително голема свадба со својот вереник Кристијан Карин штом заврши сезоната на наградите во Холивуд (на која таа ќе биде меѓу номинираните и можеби и наградените за улогата во хитот “Се роди ѕвезда”).
Според информациите 32-годишната пејачка постојано им објаснувала на своите најблиски колку е благодарна дека го нашла мажот на својот живот и сонува за огромна свадба, слична на онаа на Пријанка Чопра и Ник Џонас.
Проверете во нашата галерија кои други познати парови се очекува да се оженат во 2019 година.
ж