Кои промени ќе се случат ако нагло престанете да пиете кафе?

од Elena Daskalova
334 прегледи

Ако пиете многу кафе, тогаш можеби и имате желба или потреба да го намалите внесот, бидејќи повеќе од јасно е дека преголема доза на кофеин може да има и несакани ефекти врз вас.

Секако, тоа намалување не смее да биде нагло и преку ноќ, бидејќи вашето тело веднаш ќе реагира на недостатокот на кофеин. Затоа и може да се случи во први моменти да реагира со:

Главоболка

Ако пиете многу кафе и наеднаш прекинете, вашето тело ќе реагира на тој начин што ќе почувствува недостаток на стимулација на жлездите да лачат адреналин и допамин, а наместо тоа, ќе го преплават организмот со аденозин, кој пак, ќе ви предизвика чувство на замор и поспаност, а како резултат на сето тоа и главобока.

Исцрпеност

Ако наеднаш престанете со внес на кофеин, ќе се чувствувате исцрпено, анксиозно, ќе имате промени во расположението… Добра вест е дека тоа е минливо, но лошото е тоа што мине за околу 10-14 денови, па затоа е подобро постепеното намалување.

Промени во концентрација

Ако кафето е поврзано со вашата индивидуална концентрација, тогаш сигурно ќе забележите одредени промени кога ќе престанете да го пиете, кои ќе завршат откако ќе се навикнете да живеете без кофеин.

Но, откако еднаш сте се ослободиле од кофеинот, ќе почувствувате:

Повеќе енергија

Кофеинот го засилува протокот на крв во мускулите, а откако ќе научите дека истото го прават и намирниците богати со растителни влакна, вашето тело ќе умее пооптимално да располага со енергијата.

Поголема смиреност

Намалувањето на кофеинот ќе придонесе вашиот кардиоваскуларен систем постабилно да функционира, без да биде изложен на хемикалиите од афето.

Ќе спиете подобро

Кофеинот има продолжено дејство и може да влијае врз вашиот сон дури и ако последната шолја сте ја испиле по ручекот.

Слични содржини