Кои се бизнисмените – дел од политичките бомби?

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Во досегашните објавени 19 политички бомби на СДСМ, се споменуваат повеќе сопственици на компании, бизнисмени кои се во блиски релации со претставници од власта или сопственици на компании кои добивале голем број тендери. БИРНистражуваше кои се овие лица и кои се нивните релации со претставниците од власта.Siljan-Miceski-540x405

Во досегашните 19 политички бомби објавени од страна на опозицијата може да се слушнат и разговори во кои се вклучени повеќе бизнисмени од државава, дел од нив непознати за пошироката јавност. Станува збор за повеќе сопственици на компании кои, ако се суди според прислушуваните разговори, се во блиски релации со претставници од власта или сопственици на компании кои добивале голем број тендери.

БИРН истражуваше кои се овие лица и кои се нивните релации со претставниците од власта.

На денешната објавена „политичка бомба“ во Битола, може да се слушне разговор кој наводно се води меѓу бизнисменот Силјан Мицевски, сопственик на градежното претпријатие „Пелистер“ и Влатко Чингоски, поранешниот директор на ЕЛЕМ.„Слушај вчера бев ваму и ми дадоа некое ливче со имиња, кај тебе шо работат и кои не се сигурни за гласање. Па да…“, вели Чингоски.

„Абе кој нема сите ќе ги избркаме кажи кои се тие и готово“, одговара сопственикот на „Пелистер“.

„Не не треба да ги избркаш, не треба. Треба да ги убедиш да гласаат, ако не гласаат тогаш ќе ги избркаме“, вели Чингоски.

Влатко Чингоски, поранешниот прв човек на ЕЛЕМ дојде на чело на компанијата кон крајот на септември 2006 година, веднаш по изборите кога ВМРО-ДПМНЕ ја доби власта. Во 2012 година, тој се повлече од лични причини.

Токму ЕЛЕМ и градежната компанија на Силјан Мицевски, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, ги имаат склучено едни од најголемите тендери за јавни набавки во последниве 5 години вредни околу 100 милиони евра.

Првиот, двегодишен договор на АД ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Брод – Гнеотино е со фирмата „Пелистер“ од Битола во 2012 година. Со овој договор се ангажираат работници и градежна механизација за ископ и транспорт на јагленот за 53 милиони евра.

Другиот договор е за истата намена, но за периодот од 2014 – 2016 година. Со овој договор ЕЛЕМ ангажира од 450 до 550 работници и опрема за ископ на 3.900.000 тони јаглен. Овој договор тежи над 47 милиони евра.

На четврто место за најголеми склучени тендери е уште еден договор на ЕЛЕМ. Станува збор за ископ на јаглен и јаловина од свлечиштето на микролокација во рудник Суводол во РЕК Битола. Овој договор е склучен со скопската фирма Трансмет, на 36 месеци и планирано е да се спроведува до крајот на 2016 година.

„Трансмет“ е компанија каде што сопственик е јавува Сеад Кочан, лицето кое премиерот Никола Груевски во еден од објавените разговори со Чингоски го именува како „Сеат Ибица“ или „лицето што вози сеат“.

Во тој разговор што го обелодени СДСМ наводно се зборува за конзорциум што би требало да го формира лицето „Сеат Ибица“.

„И овие нека влезат во игра, да се задоволни сите“, наводно вели Груевски во разговорот кој се води за испорака на јаглен.

Фирмата на Кочан минатата година се вклучи во изградбата на втората делница Кичево – Охрид во изградбата на автопатот Кичево – Охрид.

За бизнисите на другите досега споменати бизнисмени во прислушкуваните разговори Владислав Стајковиќ, сопственик на фирмата НВСП, Дејан Панделевски – Пелистерка и за Ристо Новачевски газда на Сирах- фирмата на која се водат според опозицијата плацевите на Водно на премиерот прочитајте тука.