Кои се четирите жени министерки во новата влада?

од Nikola Popovski
524 прегледи

Како што соопшти лидерот на СДСМ и идниот премиер, Зоран Заев, во новата влада, наместо 26, како досега, ќе има 19 министри или седум помалку.

„Од 19 министри, СДСМ на свој предлог има 11 од кои осум се со ресор, плус тројца потпретседатели на Владата кои се предлагаат како министри без ресор. Од осумте министри со ресор, пак, четири се жени, а четири мажи со што се испраќа пораката за еднаквост помеѓу мажите и жените во земјава“, истакна Заев.

Четирите жени кои ќе бидат министерки во новата влада се:

Јагода Шахпанска – министерка за труд и социјална политика
Мила Царовска – министерка за образование и наука
Ирена Стефоска – министерка за култура
Радмила Шекеринска – министерка за одбрана

Потврди и дека на БЕСА и е даден ресорот земјоделство, додека со локална самоуправа ќе раководи ЛДП.

Сите предлози за министри од ДУИ се мажи, а се очекува уште предлог за министер/ка за информатичко општество и администрација.