Кои се најчесто отстрануваните тетоважи

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Тетоважите се мода, која со години не одминува. Ново американско истражување покажува дека еден од пет возрасни има барем еден цртеж на своето тело.cc38c4cb011876c2e329f3b0de59ccbc

Интересно е дека жените се посклони да го цртаат телото (23%) од мажите (19%), а 86% од тетовираните тврдат дека никогаш не зажалиле за тоа што си ја ишарале кожата со мастило. Има, меѓутоа, и такви (останатите 14%), кои во даден момент посакуваат да ја отстранат тетоважата.

Дерматолог Ава Шамба, откри дека најмногу од клиентите сакаат да избришат тетоважи со името на поранешен дечко или чудни сатански слики.

“Сум отстранувала лути ангели, чудовишта и секакви чудни тетоважи. Немате поим какви луѓе доаѓале кај мене, а повеќето признаваат дека не биле трезвени или во соодветна состојба кога си правеле цртежи “, раскажа дерматологот.

Меѓу клиентите не мал дел се решаваат на ласерско отстранување и затоа во даден момент тетоважата им пречи на работата – не се вклопува во нивниот имиџ за соодветната позиција.Шамбала додаде дека обоените тетоважи се потешки за бришење.

“Најтешки се боите, блиски до кожата – жолта, телесна, беж, кафеава. Пигментот потешко се уловува и отстранува од ласерот “, категоричен е експертот. Црвеното исто така, создава проблеми, бидејќи има луѓе кои се алергични на соодветниот пигмент и прават лоша реакција во текот на постапката за отстранување.

Времето за бришење на една тетоважа зависи од местото и нејзината длабочина, формата и бојата. Ава објасни дека таа преферира временски опсег од два месеци, пред да ја повтори постапката на соодветното место, за да може да се оцени како ја перцепира кожата постапкатата и колку влијание има.

Корекцијата е многу болна и скапа, но дерматологот е категоричен дека ако е направена квалитетно, целосно може да избрише нијансирањето по кожата.