Оксфордскиот универзитет повторно ја предводи листата за најдобрите универзитети во светот според верзијата на списанието. “Тајмс хаер едукеишн”, кој опфати 1000 ВУЗ-а од 77 земји, јави ТАСС.
Оксфордскиот универзитет успеа да ја задржи лидерската позиција, која ја извојува минатата година за прв пат. На второ место се наоѓа друг претставник на Обединетото Кралство – универзитетот во Кембриџ. Минатата година тој беше оценет како четврти.
Третата позиција ја делат две американски образовни институции – Калифорнискиот технички универзитет и Универзитетот Стенфорд.


