Во екот на Евро 2016 сите се под влијание на фудбалските страсти.
Ѕвездите на теренот привлекуваат внимание не само со играта, туку и со доста атрактивниот изглед. Фудбалските ѕвезди се во центарот на вниманието и под посебен мониторинг на навивачите, поради тоа се трудат да изгледаат добро. Но, дури и најголемите фудбалери имаат свои слабости и тоа се десертите и чоколадото, објавија од foodpanda.
Кој што сака да си касне, може да прочитате во следните редови.
Кристијано Роналдо: Несомнено тој е најпознатиот и најбогат фудбалер денес. Вели дека ретко си дозволува слатки работи, но кога тоа го прави јаде по една цела пита со кајсии.
Жерар Пике: Тој обожава торта “Банди”, која е тешка, маслена и покриена со чоколадна глазура. Лампард: Неговиот омилен десерт е домашен колач со Нутела. Претпочита да го конзумира наутро со кафе и топка сладолед.
Луиџи Буфон: Омилениот десерт на италијанскиот голман е мелба. Тој вели дека не се ограничува во неговата потрошувачка.
Кака: Кака се шегува дека преку омилениот десерт прима доволно количество витамин C. Тој сака да јаде пудинг од лимон.
Вејн Руни: Чоколадно суфле, овој популарен десерт е слабата точка на Вејн Руни.
Златан Ибрахимовиќ: Хрватот сака да јаде чисто чоколадо, со повисок процент на какао содржина.
Нејмар: Она што може да го примами Нејмар е домашна бисквит торта облеана со многу ореви.
Лео Меси: Носителот на 5 награди Златна топка, сака да јадете палачинки, заедно со неговата сопруга и двете деца.