Кои се патиштата пред Грција

од desk3
123 прегледи

Звучи како реченица од минатата ера. “Ние можеме да ја вратиме земјата кон растот”, изјави Алексис Ципрас во септември минатата година. Во тоа време тој се уште е лидер на левичарската опозициска партија, никој не навестува дека во Грција наскоро ќе има нови избори, а СИРИЗА е далеку од преземањето на власта.

0000255010-article2

Но сега, пет месеци подоцна, зборот “раст” изгледа исчезна целосно од речникот на Ципрас. Во трите недели низ кои Ципрас веќе е премиер, тој преферира да зборува за достоинство и самоопределување, за крај на ограничувањата наметнати од строгоста на Европската унија (ЕУ) и Германија, и театарски спори со меѓународните кредитори за напредокот на програмите за помош, пишува во својата анализа DPA.

При тоа економскиот раст би ја зголемил веднаш отпорноста на преземањето на долгот на Грција, кој сега е поважен од било кога. Бидејќи колку поголеми се економските перформанси, толку пониски во однос на нив ќе се долговите на државата. Станува збор и за чист математички ефект – фактот дека грчкиот државен долг може да скокне до 175 проценти од бруто домашниот производ (БДП), се должи и на намалувањето на именителот во тоа поделба.

Растот ќе создаде нови работни места, кои на земјата и требаат толку итно. За 2015 година, Европската комисија предвидува пад на стапката на невработеност – до 25 отсто. Сепак се уште ќе има највисока стапка на невработеност во ЕУ. Друг проблем е што Грците претежно работат во индустрии кои произведуваат ниска додадена вредност.

Иако во последниве години Грција страдаше од слабата домашна побарувачка, многу од пречките за растот можат да бидат отстранети од политичарите на самата држава и така да се изградат темелите на обновата.

Државата да стане функционална

Главната причина за кризата во Грција е надуениот државен сектор, кој нуди работа на 15% од вработените во Грција – уделот е над два пати повисока од просекот за земјите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Владите секогаш гледаат да обезбедат работни места за своите гласачи и ги оставаат надвор од играта следбениците на губитничката партија. Во Грција често се зборува за “фрижидер”, се кој се именуваат вработените кои ја загубиле работата. Тројката навистина инсистира за намалување на персоналот, но при отпуштањата често си заминуваат солидни кадри .

При преземањето на власта новиот премиер Ципрас навистина го намали бројот на министерствата од 19 до 10, но се уште има 40 министри и државни секретари. Изобилството на енергетските министерства останува. “Тие треба да управуваат со 23 000 компетенции што се премногу детални”, вели Панајотис Каркацулис, кој во текот на повеќе од две децении работел како државен службеник по реформата на државниот апарат и станува пратеник од малата либерална партија “Потами”.

Тој ја споредува конфузијата на надлежноста во грчката бирократија со порција шпагети. Една едноставна организациона шема за моментов останува само сон, бидејќи никој не сака да се откаже од власта, тврди тој.

Меѓу 2007 и 2014 година ЕУ има обезбедено на Грција 3 милијарди евра за спроведување на административна реформа. “Парите никогаш не биле проблем, но едноставно нема план”, вели Каркацулис. Но и самите средства само делумно се користат, а друг дел отишол за сосема различни проекти.

Така на пример третиот обид за создавање на катастар на земјиштето во моментов е замрзнат. “Ако проблемите на Грција се од економски карактер или финансиски, тие би можеле да бидат решени одамна. Вистинската причина за кризата е фактот дека Грција е полумодернизирана земја “, тврди пратеникот.

Даночниот систем треба да се подобри

На хартија Грција веќе има реформирана даночна администрација. Од 2011 година до 2013 година, бројот на даночните служби е намален од 290 на 120. Министерството за финансии проговори за голем “успех”, Тројката тоа го цени. Но овој потег е направен “без концепт, без преоден план, пред сè, без грижа за модернизација на процесите”, критикува Каркацулис.

“Тешките услови за граѓаните и бизнисите при интеракцијата со новите структури се зголемуваат енормно”. И така не е воопшто чудно што Светската банка го проценува квалитетот на грчките даночни власти во 2015 година значително помалку во споредба со минатата година – а во ВТА земјата паѓа од 41 место до 59-тото место. Генерално, едно помалку или средно претпријатие треба 193 часа за да ги подмири своите даночни прашања.

Во последните пет години даночните закони се менувани повеќе од 200 пати, пресметува Харис Макриниотис, раководител на невладината организација Endeavour, која ги поддржува новосоздадените фирми. Особено иритирачки се нарекуваат извршините писма од Министерството за финансии, кои често враќаат одамна поништени закони .

Судскиот систем треба да се модернизира

Грчките судови се исклучително бавни. Просечното трговско дело продолжува 1580 дена, пресметуваат експертите од Светската банка. Така во меѓународна споредба Грција се рангира на 155-то место од 189 места.

Тројката одамна инсистира за реформа на судскиот систем и првите резултати се видливи. Но, бидејќи со години судовите обработуваат помалку дела отколку што добиваат, тие се затрупани од постојана растечката планина од случаи. За меѓународните инвеститори кои бараат правна сигурност, функционирањето на правниот систем, сепак е важен фактор за одлука за инвестирање.

Зајакнување на туризмот

2014 година беше рекордна година за секторот, повеќе од 22 милиони туристи ја посетиле Грција. Туризмот, кој значително придонесува за извозниот биланс, е еден од најважните столбови на грчката економија. Но туристите доаѓаат претежно во текот на летото, постои недостаток на понуди пред и по сезоната.

Поединечно летувалците се соочуваат со многу тешкотии уште при подготовката на своето патување. Распоредот на движење на интернет, пример на фериботите, никогаш не се вистинити. Иако националниот авиопревозник Aegean Airlines лета до неколку острови, често спонтано ги менува плановите и не успева да ги информира навреме патниците.

Новата влада може да го поддржи значително туризмот, и да создаде правна рамка за т.н. Ноќевање со појадок (B & B). Наместо тоа, владата на Ципрас ја објави својата намера да ги забрани сите инклузивни понуди, со образложение дека така локалната гастрономија ќе заработува повеќе, на тој начин, сепак може да се стават пречки пред големите инвеститори.

Исто така и контроверзните соопштенија за приватизација влијаат негативно на туризмот. Аеродромски оператор Fraport доби во октомври заедно со грчки партнер концесија за експлоатација на 14 регионални аеродроми, чија иднина веќе не е сигурна. При тоа токму регионалните аеродроми играат клучна улога кога станува збор за развојот на туризмот низ целата земја.