Кои се петте најтргувани акции на берзата во 2025?

Акциите на Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје, Макпетрол Скопје, Стопанска банка Скопје и НЛБ Банка Скопје се најтргувани акции од официјалниот пазар на Македонска берза во 2025-та година, покажува Годишниот статистички билтен.

од desk4
14 прегледи Фото: Фејсбук/Македонска берза

Со акциите на Комерцијална банка се направени вкупно 6.987 трансакција, а просечната цена на акцијата била 28.651,62 денари. Потоа следуваат: Алкалоид (4.824 трансакции) со просечна цена 27.468,23 денари, Макпетрол (1.264) со просечна цена 112.231,25 денари, Стопанска банка Скопје (1.534) каде просечната цена на акцијата била 2.899,70 денари и НЛБ Банка Скопје (1.050) и просечна цена на акцијата од 57.941,76 денари, пренесе Бизнис инфо.

2025 година на Македонска берза низ бројки:
🔹Вкупниот промет изнесува 9,6 милијарди денари
🔹Пазарната капитализација на котираните акции се искачи на 357,1 милијарди денари
🔹МБИ10 индексот постигна вредност од 10.054,59 индексни поени. Тоа е:
📉Намалување од 1,43% во споредба со 2024
📈Зголемување од 113,71% споредено со 2020
📈Зголемување од 448,45% споредено со 2015