Кои се пилотите на кои им истекуваат договорите на крајот на годината?

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Вкупно шест возачи влегоа во последните години од нивните сегашни договори со тимовите за кои се натпреваруваат во Формула 1.

Тројца од нив се дел од семејството на Ред Бул, а само Макс Верстапен има подолготрајна обврска бидејќи неговиот договор трае до крајот на сезоната 2028 година. Новиот тимски колега на Холанѓанецот, Лиам Лосон, како и колегите од Рејсинг Булс – Јуки Цунода и Исак Хаџар се под договор до крајот на оваа година.

На оваа листа се и возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Андреа Кими Антонели, како и возачот на Алпин – Џек Дуан. За Австралиецот не е ни сигурно дали неговиот договор е до крајот на сезоната, или само за првите стартови, бидејќи Флавио Бријаторе веќе изјави дека нема да се двоуми да го замени Дуан доколку има потреба.

Расел и Антонели најверојатно ќе добијат продолжување на договорите во текот на сезоната. За Расел тоа се чини сосема загарантирано, додека за Антонели ќе биде важно да види како ќе се справи со притисокот да биде стартер во Ф1, но Италијанецот може да очекува и да му биде понуден нов договор со „сребрените стрели“.

Слични содржини