Монструм, А1, апсењето на Љубе Бошковски, рушењето на објектот Космос на Фијат Цаноски, парцелите на Водно, ова се дел од случаите кои чекаат да бидат предмет на истрага на специјалното обвинителство,онака на прва. Уште колку ќе произлезат тоа ќе се покаже по истрагата.Списокот веќе во најава гарантира дека постојано ќе се шири.
Помалите партии и дел од засегнатите во овие и други случаи бараат проширување на истрагата и прочешлување и на низа претходни случаи меѓу кои и за инцидентите во Куманово, како и за случајот Маѓар Телеком кои деновиве повторно е во фокусот на јавноста.
Од тимот на обвинетиот Богоевски пак посочувааат дека и случајот „Агент “ треба да биде во надлежност на специјалната обвинителка.
– „И самата содржина на Обвинението и пресудите во случајот Агент неспорно упатуваат на истите актери на коруптивниот скандал Телеком.Ова е само монтиран политички процес на Мијалков, вели одбраната на Богоевски, за да се елиминира како главен сведок и да се дискредитира како личност и сведок пред американскиот суд“. Т.елеком е дел од бомбите на Заев , што значи дека и Агент влегува во предметите на специјаната обвинителка“,велат тие
Сепак токму американскиот судот ги прифати како проверени и точни исказите на Слободан Богоевски , но тој сеуште е на издржување на казна затвор, за „ случајот Агент“.
Според дел од аналитичарите, граѓаните целосно ја имаат изгубено довербата во постоечкиот правен систем, па оттука единствена опција преостанува специјалниот обвинител.
А како што предвидува законот за специјалниот обвинител, ќе се истражуваат сите наводи за криминал кои се поврзани и произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите и тоа, за периодот од 2008 до 2015 година, вклучително но не и ограничено само на аудио снимките и транскриптите поднесени до ОЈО, пред 15 јули 2015.
И опозицисикиот лидер Зоран Заев изјави дека во надлежност на обвинителката Јанева е се што е поврзано со неовластеното следење на комуникациите, односно за сите случаи за кои освен материјални докази има и телефонски разговори, ќе бидат во нејзин домен.
А во меѓувреме веќе се чека Јанева да постапува по 27-те кривични пријави кои опозицијата ги поднесе против високи владини функционери. Меѓу нив и за местење и крадење гласови на избори. СДСМ објавија и докази за како што рекоа политички одмазди и местени апсења.
Дел од пријавите беа и против премиерот Груевски за перење пари, злосторничко здружување и злоупотреба на положба. И Заев и Груевски досега изјавија дека се подготвени да се соочат со специјалната обвинителка за Пуч и за Прислушувањето.
Јанева пак даде заклетва дека чесно ќе работи и ќе формира тим со кој за еден месец ќе ги преземат случаите во нејзина надлежност.