30
Ѕвездата на Франција, Килијан Мбапе игра далеку под своите можности за време на Евро 2024, но денеска „Паризиен“ ги открива причините зошто е тоа случај.
Еден од нив е многу изненадувачки. Весникот смета дека 25-годишниот напаѓач чувствува исклучително силен психолошки притисок врз себе, поради политичката ситуација во Франција.
Заедно со психолошкиот товар, Мбапе има и физички проблеми, бидејќи пред почетокот на првенството доживеа болки во грбот и колената.
Покрај тоа, соиграчот на Мбапе од Франција, Рандал Коло Муани, изјави дека ја ставил маската што ја носел поранешниот играч на ПСЖ и открил дека едвај се гледа низ неа.