Кои се „тивките преносители“? Оваа група на луѓе најмногу го шират коронавирусот, а не се свесни за тоа!“

од Aleksandar Petrovski
282 прегледи

Иако никој не сака да се смета себеси за „супер преносител“ на „Ковид-19“ болеста, една нова студија ја поддржа идејата дека „асимптоматските случаи“ може да бидат одговорни за половина од новозаразените пациенти во САД.


Терминот „тивок пренос“ значи дека вирусот се пренесува преку асимптоматски или пред-симптоматски лица, а овие случаи се главните двигатели на ширењето на „Ковид-19“, според истражувањето објавено во понеделникот во Зборникот на Националната академија на науките на САД.

Алисон Галвани, директор на Универзитетскиот центар „Јејл“ за анализа на заразни болести и колегите користеле модели на пренесување на коронавирус за да се утврди степенот до кој „тивките преносители“ придонесуваат за ширење на „Ковид-19“.

Студијата се засновала на постојни истражувања кои покажуваат дека асимптоматските инфекции учествуваат со 17,9 до 30,8 проценти од сите инфекции.

Според овие претпоставки, тимот открил дека пред-симптоматските случаи може да учествуваат од 47 до 48 проценти од преносите, а асимптоматските случаи од 3,4 до 6,6 проценти.

За „Ковид-19“ се смета дека е најзаразен во текот на пред-симптоматската фаза, што е невообичаено за респираторни инфекции.

Тимот открил дека дури и непосредната изолација на сите симптоматски случаи нема да биде доволна за да се одржи ширењето под контрола.

За да се спречи понатамошното ширење, студијата покажа дека е неопходно да се идентификуваат и изолираат повеќе од една третина од „тивките преносители“.

Истражувачите ја истакнаа потребата за тестирање и следење на контактите.

Слични содржини