Кои сектори го движат индустрискиот раст? Прометот зголемен за 13.8% во јули

Прометот во индустријата е зголемен за 13.8 % во јули 2025 година во однос на јули 2024 година, покажуваат податоците објавени од ДЗС

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 13.8 % во јули 2025 година во однос на јули 2024 година, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2025 година во однос на јули 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.6%, Капитални производи за 36.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 7.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2025 година во однос на јуни 2025 година, бележи опаѓање од 0.7 %, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи пораст од 8.1 %.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи пораст од 3.4 %, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи опаѓање од 1.3 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи пораст од 17.4 %, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи пораст од 10.3 %.