Кои семки влегуваат во категоријата СУПЕРХРАНА и се најдобри за организмот?

од Vladimir Zorba
701 прегледи

Семките се суперхрана која е навистина корисна за нашето здравје и благосостојбата на целиот организам.

Тоа е доволно добра причина да ги вклучите во вашата исхрана, а не само повремено.

Повеќето од нив ќе останат свежи и до една година ако ги чувате во херметички сад во фрижидер.

Чиа семе

Една лажица има повеќе влакна отколку парче леб од цело зрно. Овие семиња значително го подобруваат варењето и ве прават сити, вели нутриционистот Лорен Слејтон.

Влакната, протеините и омега-3 масните киселини во чиа семето можат да помогнат во намалување на ризикот од срцеви заболувања.

Студијата од 2014 година, исто така, покажа врска помеѓу консумирањето семе од чиа и нискиот крвен притисок кај луѓето со хипертензија. Исто така, одлично е што две порции чиа семе нудат исто количество калциум како половина шолја млеко.

Семки од сончоглед

Една порција обезбедува речиси целосна дневна доза на витамин Е, кој помага да се одржат здрави мозочни клетки и да се намали холестеролот.

Во една студија објавена во списанието на Journal of the American Medical Association, пациентите со Алцхајмерова болест кои земале витамин Е дневно имале побавно функционално опаѓање од оние кои не земале.

Една порција нуди 34 проценти од дневната препорачана доза на селен, минерал поврзан со поправка на ДНК.

Ленено семе

Една неодамнешна студија во Nutrition Journal објави дека недијабетичарите кои јаделе ленено семе, кое е богато со влакна кои го регулираат шеќерот, ја зголемиле нивната чувствителност на инсулин по 12 недели.

Документ од 2012 година во Nutrition & Metabolism, исто така, покажа дека лененото семе може да биде корисно за намалување на LDL холестеролот кога се меша со вискозна храна, како што е јогуртот.

Триесет грама од овие семиња имаат повеќе од двојно повеќе омега-3 масни киселини, во форма на АЛА, отколку 115 грама лосос.

Коноп семиња

Конопот, кој не е халуциноген, е добар за здравјето на кожата и зглобовите, вели Кејти Деимеке, диететичар од клиниката Мајо.

Конопот е исто така редок вегански извор на сите осум есенцијални амино киселини.

Студија на глувци објавена во European Journal of Nutrition покажала дека протеинот од коноп помага во намалување на високиот крвен притисок.

Семки од тиква

Овие семиња се извор на цинк, хранлива материја која помага да се одржи правилното функционирање на имуните клетки. Околу 30 грама семки од тиква обезбедуваат околу 20 проценти од дневната препорачана вредност на цинк.

Една порција нуди речиси 10 грама протеини, што е околу 20 проценти од дневната препорачана доза за жени – што е одлично за вегански извор. Тоа е нешто повеќе од половина чаша грав, пишува Real simple.

Сусам

Семето од сусам е богато со фитостероли, кои се „лепат на холестеролот“, вели Ребека Скричфилд, диететичар од Вашингтон.

Некои студии кои ја истражуваат врската помеѓу сусам и холестерол откриле дека дневната доза на семе од сусам имала позитивни ефекти врз нивото на липидите, LHL холестеролот и нивото на вкупниот холестерол.

Исто така, само 1/4 чаша има пет пати повеќе железо од една чаша сиров спанаќ.

Слични содржини