Кои странски јазици се најпопуларни во Европа: Можете ли да погодите кој е најизучуван во Македонија?

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Популарната апликација за учење јазик Duolingo објави податоци за најпопуларниот странски јазик во одредени европски земји во 2024 година, а кога станува збор за Македонија, германскиот јазик е најизучуван јазик.

Податоците на Duolingo покажуваат дека три јазици се издвојуваат низ Европа. Најпопуларните јазици се англискиот, германскиот и шпанскиот.

Во Македонија најмногу се изучува германскиот јазик, а интересно е што овој јазик е најпопуларен во три други земји на Балканот – Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.

Остатокот од Европа е поделен на англиски и шпански. Она што е забележливо во инфографикот, кој е претставен по боја, е дека северот се издвојува по портокаловата боја, која означува шпански.

Овој јазик е најпопуларен во Норвешка, Шведска, Финска, Данска, Велика Британија и Ирска.

Останатите земји од Европа се обоени во сиво – претставувајќи го англискиот јазик.

Duolingo е најсимнуваната образовна апликација во светот и нуди над 100 курсеви кои предаваат повеќе од 40 јазици. Тие објавија дека во 2024 година англискиот повторно бил најпопуларниот јазик што се учи во светот. Тој го осво првото место во повеќе земји од кога било досега – 135 – што е повеќе од 10 проценти повеќе од минатата година.

Слични содржини