Многу земји испратија спасувачки тимови во Турција по разорниот земјотрес што ја погоди земјата.
Повеќе од 17.000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, според најновите податоци на официјални лица и спасувачи.
Само во Турција повредени се над 53.000 луѓе, а очајничката потрага по преживеани под урнатините продолжува веќе четврти ден.
Спасувачки тимови од бројни земји се распоредени во 10 градови во јужна Турција, во областите погодени од земјотресите.
Спасувачки тимови од бројни земји се распоредени во 10 градови во јужна Турција, во областите погодени од земјотресите.
Според моментално достапните податоци, Босна и Херцеговина е меѓу првите 10 земји кои испратија најмногу помош, односно тимови за пребарување и спасување во Турција.
Најмногу помош испрати Азербејџан – 420 екипи, потоа Северен Кипар (турски дел) – 200 екипи, потоа Израел – 167, САД – 161, Русија – 147, Мексико – 145 и БиХ – 140 …
Важно е да се напомене дека бројката не е конечна, бидејќи екипите се уште пристигнуваат.