Шансите евроскептиците да ги преземат уздите се повеќе се зголемуваат.

Во јуни 2016 година Велика Британија гласаше на референдум дали да ја напушти ЕУ. Меѓу европските земји, кои може да го следат примерот на Brexit се Франција, Холандија и Италија, пишува RT.
Лидерот на француската партија “Национален фронт” Марин Ле Пен веќе изјави дека ако биде избрана на функцијата, таа ќе инсистира за специјален статус на земјата ‘во ЕУ. Во случај на избор, таа ќе одржи референдум по примерот на британскиот. Во моментов во претседателската трка води Франсоа Фион, но Мари Ле Пен продолжува да има високи шанси.
На изборите во март во Холандија ќе учествува популарниот меѓу народот евроскептчина партија “Партија на слободата”. Во случај на победа нејзиниот лидер Герт Вилдерс вети да организира референдум за напуштање на ЕУ.
Во Италија по оставката на премиерот Матео Ренци се закажани предвремени парламентарни избори. Како резултат на тоа се зголемија шансите на партиите “Движењето на пет ѕвезди” и “Северна лига” да раководат со Владата.
И двете партии, познати по евоскептицизмот, имаат намера да ја извадат Италија од ЕУ и да ја вратат националната валута.
Претходно земјата која имаше шанси да го повтори Brexitот, беше Австрија поради позицијата на поранешниот кандидат за претседател Норберт Хофер лидерот на “Партијата на слободата”. На 4 декември, тој изгуби на изборите со мала разлика.