Делегација на коизвестители на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа денеска ќе престојува во Собранието, во рамки на постмониторинг дијалогот со државава.
Предвидени се средби на коизвестителите со потпретседателот на Собранието Весел Мемеди и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА Христијан Мицкоски и Мендух Тачи.