Кој е Франсоа Бајру, новиот премиер на Франција?

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Франсоа Бајру, кој беше назначен од претседателот Емануел Макрон за нов премиер на Франција, е добро позната личност во политиката на земјата.

Франсоа Рене Жан-Лусиен Бајру, како што е неговото целосно име, е роден на 25 мај 1951 година. Тој му припаѓа на политичкиот центар и е на чело на Демократското движење од неговото основање во 2007 година.

Интересно е што Бајру три пати беше кандидат на центарот на претседателските избори во Франција – во 2002, 2007 и 2012 година. Но, без многу успех. Тој е на чело на Европската демократска партија од 2004 година.

Од 1993 до 1997 година, Бајру беше министер за образование во три последователни влади. Тој стана пратеник во 1986 година. Се шпекулираше дека Бајру би можел да биде кандидат за претседател на изборите во 2017 година, но тој одлучи да не се кандидира и наместо тоа го поддржа Емануел Макрон, кој по победата го назначи за министер за правда.

Бајру поднесе оставка на 21 јуни 2017 година како резултат на истрагата што беше поведена против партијата „МоДем“, поради фиктивни вработувања. Бајру беше ослободен, но останатите десет обвинети беа осудени на условни затворски казни од 10 до 18 месеци и парична казна од 50.000 евра.

Таткото на Барју бил земјоделец, а од страната на неговата мајка, неговите предци се од Ирска.

Во младоста многу пелтечел, за што седум години одел на терапија. Потоа се преселил во Бордо каде студирал литература. При крајот на студиите, неговиот татко загинал во тракторска несреќа, пишува „Телеграф“.

Бајру се ожени во 1971 година. Неговата сопруга Елизабет Перлан е позната и како „Бабет“. Двојката има пет деца. Децата се одгледуваат на фармата каде што израснал Бајру. Има објавено неколку книги за политика и историја. Неговото хоби е одгледување коњи. Во политиката за прв пат влезе во 1982 година.

– Бајру го критикуваше Никола Саркози, тогашниот претседател на Франција, бидејќи го повикал Моамер ел Гадафи, претседателот на Либија, на посетата на Франција која траеше една недела и во која беа потпишани голем број договори меѓу Франција и Либија.

– Во 2009 година тој силно ги критикуваше наводите на папата Бенедикт Шеснаесетти дека кондомите промовираат СИДА, нарекувајќи ги тие тврдења неприфатливи.

– Тој ја повика Франција да ги бојкотира Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, поради непочитување на човековите права во Кина, како и политичките настани во Тибет.

– Беше голем критичар на американската економија за време на претседателот Џорџ Буш, наведувајќи дека парите се единствената мотивација, а ја критикуваше и војната во Ирак дека предизвикува хаос на Блискиот Исток.

Слични содржини