Кој е кинескиот „специјалец“ за кризата во Украина?

од Stefanija Kuzmanovska

Специјалната кинеска делегација за решавање на украинската криза која ќе биде испратена во Киев и други земји ќе ја предводи поранешниот кинески амбасадор во Русија, Ли Хуи, соопшти кинеското министерство за надворешни работи.

Ова беше соопштено по телефонскиот разговор меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Во исто време Зеленски го назначи и амбасадорот на Украина во Кина. Должноста ќе ја извршува поранешниот министер за прашања на стратешките гранки на индустријата, Павел Рјабикин, јавуваат украинските медиуми.

Слични содржини