Кој е луд?

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Повторно навраќање на Амди Бајрам, ќе речете е губење време со личност што, ете, и природата си поиграла со неговата „сива маса“, така што ептен му ги помешала ганглиите, а каменчињата не успеала да му ги среди. Да не речеме – жестоко го казнила. Но, не ќе е баш така, господо.

bosko-nacevski-670x893

Констатацијата дека е „удрен со мокра чорапа“ и тоа мариовска, не зборува толку за него, колку за нас.

Мора ние да сме доживеале некое колективно ментално поместување, па не реагираме кога ординарен панаѓурски џамбас допира врвови на тајкун. Прави свадби во авион – изигрува Гагарин на нашето жабогречно време. И за чудо, тој човечки фелер го доживуваме како Рокфелер.

 Премиер, без чукање му отвора врата. Со првиот полициски пендрек се два родени брата. Четвртина век во највисокиот законодавен дом изведува кловновски паради, катапултира малоумни тиради и непречено династија од криминали гради. И додека ние во тој расипан човечки матетијал гледаме партал забавувач, провинциски циркуски комедијант, тој спокојно тера еден зад друг пратенички мандат. Драги мои, тоа човечко деграде, проверено штуро семе, е заштитниот знак на злосторничкото режимско племе. Анализирајќи го поведението на овој апаш и на неговиот ментален блуд, прашувам – кој, всушност, е луд?!

Бошко Нацевски
фејсбук статус